Мода

Водич за џентлмени: Видови на крагна кај машките кошули

Напишано од The Gentleman

Кошулата е најелегантното парче облека кај секој маж. Се комбинира на секој можен начин и се носи со во секоја сезона.

Затоа денеска ќе ви ги претставиме сите видови на крагни кои постојат кај кошулите.

СРЕДНА ЈАКА (КРАГНА) СМОКИНГ КОШУЛА

Оваа е една од најупотребуваните или најкористени крагни кај кошулите. Одговара на секој тип на одела, и се носи со вратоврска.

КРАГНА СО КОПЧИЊА

Најчесто се нарекува и Американ тип на крагна. Ја носат Американците поради тоа што е лесна за одржување, не се витка лесно и е стабилна. Се носи и комбинира со џемпери најмногу.

МАЛИ КРАГНИ

Кошулата со мали крагни е детска кошула и модни критичари не ја препорачуваат. Не е многу угледна и прав џентлмен не ја ни погледнува

МИЛАНО КРАГНА

Една од најбараните кошули е онаа со милано крагна. Изгледа врвно на одело, и со машна и без машна. Најдобар избор за секој маж.

РУСКА КРАГНА

Кошулите со руска крагна или речиси без крагна се најчесто летни кошули кои се носат во кежаул варијанти. Ленени кошули со руска крагна е прав погодок.

КУБАНСКА КРАГНА

Кубански кошули или летни хавајски кошули се кошули кои имаат широки крагни кои се носат на ленени одела и летно време. Се носат без машна и се доста фраерски парчиња за секој маж.

За авторот

The Gentleman