Во светот на часовниците

Водич за купување на часовник: Како да одберете идеалниот часовник за вас

Напишано од The Gentleman

Доаѓа време во животот кај секој маж кога разбира дека треба да носи часовник. Но, што е вистински часовник? Според нашиот тим, вистински часовник е оној кој покажува дека сте направиле некој исчекор кон вистинска, искрена машкост.

Среќа, ние сме тука да ви помогнеме да се снајдете во светот на часовниците и да ве направиме спремни да можете да ја направите вашата инвестиција во часовник. Знаењето е се, затоа научете нешто и за часовниците.

Како работи часовникот? Што треба да знаете за движењето?

Првиот чекор на патот да го поседувате часовникот на вашите соништа е разбирањето на основите на она што ги прави посебен. Движењето или исто така наречено калибар е механизмот во внатрешноста на часовникот, комплицираниот мотор кој го движи. Во современото производство на часовници, постојат два типа на движења. Првиот е кварцот, кој користи осцилатор, регулиран со парче кварц и напојуван од батерија, за да го задржи времето. Поголемиот дел од секојдневните часовници, користат кварцно движење, што ги прави поефтини на пазарот, но сепак прецизни.

Кварц или Автоматски

За вистинските љубители на часовниците, само механички движења се прифатлив начин за напојување на часовникот. Поголемиот дел од механичките движења денеска се автоматски. Автоматскиот калибар работи со користење на движењето на зглобот кое за возврат го контролира часовникот. Големите брендови на часовници како што се Omega или пак Breitling, сите тие произведуваат внтатрешни движења кои се исцрпно тестирани пред да бидат ставени на продажба.

Зошто автоматските часовници го поставија стандардот?

Се се сведува на една фраза: “Најмалата важна работа што часовникот ја прави е да го каже времето”. Тоа не е само она што го прави туку како тоа го прави. И за многумина од нас мажите, тоа е прилично важно.

Автоматскиот часовник е жива работа. Една последна работа што треба да се има на ум: ако го извадиш автоматскиот часовник, на крајот ќе престане. Колку долго може да работи, без да биде на вашиот зглоб, зависи од поединечниот часовник, но многумина работат 38-48 часа пред да им треба премотување.

5 главни видови на часовници

Откако дознавте што се случува во внатрешноста на часовникот, следува прашањето за стилот. Секоја прилика си бара поинаков часовник…

Нуркачки часовник (Diver)

Часовникот за нуркање е дизајниран да функционира во длабочините на океанот и се карактеризира со нерамна конструкција, светлечки бројчаник и еднонасочна рамка.

Елегантен часовник

Во најголемите случаеви, овие часовници се прикажени за кожни ремчиња, имаат тенки куќишта со цел да може да остане незабележан под кошулата. Тие не изведуваат некои специфични функции и се исто така најголемиот дел направени од скапоцен метал.

Авијатичарски часовник

Авијатичарските часовници во себе кријат историја уште од 1911 година, кога Cartier направи еден за пилотот Алберто Сантос Думон, па добро затоа не е ни чудно што овие часовници играат клучна улога на пазарот. Благодарение на рамката, часовникот Breitling Navitimer Rattrapante може да пренесе голем број на информации кои се од витално значење за пилотите. Повеќето авијациски часовници имаат црно лице со прозрачни броеви и стрелки со цел да бидат видливи и во мракот.

Автомобилски часовници

Моторспортот, исто како и летање и нуркање, има машки гламур што го прави неодолив за производителите на часовници. Функцијата на стоперката има потекло во моторните трки – додека некои, како и Omega Speedmaster, исто така може да се пофалат со “tachymeter” на рамката, уред за мерење брзина.

Минималистички часовник

Минималистичките часовници се доста популарни и стануваат омилен избор на мажите низ светот. Овие часовници може да се напојуваат со кварцни движења, што значи дека може да најдете навистина стилски часовници за помалку од 15,000 денари. Сепак, брендовите како Calvin Klein со модернистички дизајн навистина се популарни.

Како да купиш часовник?

Се што треба да знаете…

Ова многу зависи од цената, вкусот и потребата. Ако имате некој помал буџет, тогаш дефинитивно ви треба еден минималистички часовник од некој бренд кој е со кварцно движење. Сепак за помала сума вие можете да одберете и некој секојдневен часовник од брендот Swatch кој може да го најдете и кај нас.

Доколку имате неколку илјади евра, тогаш можете да почнете да размислувате за часовник од најдобрите светски брендови.

Како функционираат цените?

Ова е навистина фер прашање. Како некој часовник вреди 7,000 евра, додека некој е идентичен и вреди 15,000 денари. На крајот, тоа се сведува на материјали, должина на производство и наследството на брендот. Кварцните часовници се поевтини, па дури и швајцарските кварцни движења се достапни за сите.

Автоматските часовници не само што чинат повеќе, тие се подобро дизајнирани изработени од вредни материјали и доаѓаат од долга лоза на експерти за часовници што може да се купат со доверба.

Зошто е важна големината?

Исто како што не постои некоја типична големина на зглоб, не постои и типична големина на часовник. Додека некои часовници се толку големи, што можат да се видат од вселената, повеќето имаат дијаметар на куќиште меѓу 34-44мм. Ако сте момче со помали зглобови, куќиште со 34-40mm ќе функционира најдобро, додека имате големи зглобови треба да се одлучите за модели до 46mm.

Многу е важно и ремчето

Она што го врзува вашиот часовник со вашите зглобови е многу важно во карактерот на часовникот. Металното ремче изгледа многу подобро на оние маженствени часовници, додека пак кожните ременчиња се одлични за конвенционални, сјајни часовници. Доста популарни се и NATO ремчињата кои се доста популарни во летниот период.

Светот на безвременсота 

Постојат многу часовници на кои вредноста им се зголемува со тоа како поминува времето. Замислете на рака да носите часовник кој го носе Пол Њуман или Шон Конери уште во минатот.

Сега останува на самите вас…

Ако внимателно го прочитавте горенапишаното треба да имате подобра претстава за тоа што ги часовниците различни. Со среќа во изборот!

За авторот

The Gentleman