Пијалоци

Водич за квалитетно еспресо: Машини кои вреди да ги имате во кујната

Напишано од Mr. M

Има ли нешто подобро кога наутро ќе станете и ќе го почуствувате мирисот на квалитетно кафе. Денеска на пазарот постојат голем број на машини за кафе кои што се квалитетни и нудат кафе исто како да ви го направиле во вашиот омилен локал.

Еве неколку наши предлози на машини за кафе кои што вреди да ги имате во својот дом…

Nespresso Lattissima One

Една од добрите работи кај апаратите со капсули е што се едноставни за употреба и на едноставен начин можете да направите квалитетно кафе. Чиста, едноставна и со добар дизајн. Освен што ќе ви понуди добро кафе, оваа машина одлично се вклопува во вашиот дом. Цената на оваа машина изнесува некаде околу 120 евра.

Smeg ECF01

Станува збор за уште квалитетна машина која се карактеризира со италијанско производство. Според многумина кои што зборуваа за оваа машина, идеална е за вистинските љубители на добро кафе. Цената на оваа машина изнеува некаде околу 260 евра.

De’Longhi PrimaDonna

Ова е една од најфункционалните машини кои може да се најдат на пазарот денеска. Нуди голем број на опции, а има и екран на допир на кој може да си подесувате различни работи. Оваа машина нуди можност да ја регулирате температурата, количината и се што е важно во подготовка на кафе. Цената на оваа машина изнесува околу 750 евра.

За авторот

Mr. M