Автомобили

Volkswagen и BMW со најголемата инвестиција досега

Напишано од Mr. M

Германските гиганти во светот на автомобилската индустрија со помош на своите средства ќе имаат можност да помогнат во изградба на погон во кој ќе се градат батерии за нивните електрични автомобили. Northvolt компанијата која стои позади овој проект соопшти дека собрала инвестиции во висина од милијарда долари за изградба на оваа прва фабрика која ќе биде лоцирана во Шведска.

За вториот дел од прокетот кој што треба да биде во Долна Саксонија во Германија, најмногу помогнале двете автомобилски компании Volkswagen и BMW.

Изградбата на фабриката во Шведска ќе започне во Август, а со работа се очкува да почне во 2021 година, додека втората фабрика во Германија треба да биде готова во 2023 година.

За авторот

Mr. M