Автомобили

Volkswagen го претстави новото лого!

Напишано од Mr. M

Светската премиера на новото лого означува нова ера за Фолксваген во која електричните автомобили ќе играат главна улога. Новото лого со дводимензионален дизајн е појасно и е сведено на само основните елементи.

Дизајнот и логото имаат за цел голема флексибилност и се наменети за дигитална употреба. Целиот процес на воведување нов визуелен идентитет треба да заврши до средината на 2020 година.

Она што е интересно е дека креирањето на новото лого не му беше доверено на агенција, туку беше резултат на работата на тимовите за дизајн и маркетинг на VW, а се заврши за помалку од 9 месеци.

Процесот на ребрендирање на Фолксваген е еден од најголемите во индустријата, во кој учествуваат 171 пазар и 154 земји.

За авторот

Mr. M