Автомобили

Volkswagen претстави електрично баги во ретро изглед

Напишано од Mr. M

Компанијата Volkswagen на неодамнешниот Саем за автомобили во Женева, претстави еден навитина интересен модел на електрично баги. Овие превозни средства биле популарни во 60-тите и 70-тите години, кога биле возени по песочните плажи.

Сега компанијата Volkswagen сака повторно да го врати животот на овие превозни средства, па се реши да направи баги, но електрично.

Овој модел се каактеризира со 204 кс, а до брзина од 100 км, развива за 7 секунди. Максималната брзина му е ограничена на 160 км/ч. 

 

За авторот

Mr. M