Автомобили

Volvo ќе вгради сензори за препознавање на пијан возач

Откако е утврдено дека дури 30 проценти од сообраќајните несреќи ги прават возачи во алкохолизирана состојба , Волво реши во новите автомобили да воведе посебен систем за заштита.

Во новите автомобили на Волво ќе биде вграден нов систем, што ќе бележи секое неправилно возење и ќе процени дали возачот е во пијана состојба.  Во тој момент автоматски се ограничува брзината на автомобилот , а доколку возачот не го запре автомобилот , се вклучува системот Volvo on call , сервис што ги информира надлежните институции , односно полицијата.

Исто така , системот го активира автономното паркирање , односно го паркира автомобилот без никаква улога на возачот.

,,Кога станува збор за безбедност, нашата цел е воопшто да не дојде до несреќа. Во овој случај камерите го следат однесувањето на возачот , кое може да доведе до сериозни последици , па и смрт.” , појаснува шефот на R&D одделот на Волво , Хенрик Грин.

Во пракса тоа значи дека системот се активира во случај кога возилот вози лево – десно по патот или доколклу возачот ги затвори очите на малку подолго време од вообичаеното трепкање. Овој систем ќе почне да се вградува во возилата на Волво од почетокот на следната година.

За авторот

Пјер