Креатива Спортски вести

Време од годината за откачени новогодишни џемпери

Напишано од Mr. N

Главна тема на разговор, особено претходнава недела се откачените новогодишни подароци. Разгледувајќи ги разновидните понуди достапни низ социјалните медиуми, ние најдовме на ексклузивно парче облека кое верувам ќе ги воодушеви сите спортски фанови.

За само 14 Долари, вие можете да купите џемпер со залепена слика од познатиот фудбалски ас Кристијано Роналдо.

Овој џемпер, иако не претставува официјална стока, е достапен во црвена и црна боја со сите можни големини.

Нека дознаат сите ваши пријатели дека ѕвездата на Јувентус е еден од најдобрите во светот, кога станува збор за машката мода.

 

За авторот

Mr. N