Најново

Xiaomi официјално го претстави првиот паметен часовник

Напишано од Mr. N

Кинеската компанија Xiaomi и официјално го претстави својот прв паметен часовник – Mi Watch.

На прв поглед Mi Watch веројатно веднаш ќе ве потсети на Apple Watch затоа што практично го има истиот дизајн, но разликата е во тоа што паметниот часовник на Xiaomi го користи оперативниот систем Wear OS и чини 185 долари.

Сличен е заоблениот правоаголен екран чувствителен на допир, ротирачкото копче за управување со менито и копчето во облик на пилула кое што е сместено баш како што е случај кај Apple Watch.

Треба да се истакне дека Mi Watch содржи и бројни функции за следење на здравствената состојба, од сензор за следење на сонот и вежбањето, па се до функција која од Xiaomi велат дека ја следи енергијата на телото. Паметниот часовник исто така е отпорен на вода.

Засега, Mi Watch ќе се продава само во Кина по цена од 185 долари, додека пак поскапата верзија изработена од нерѓосувачки челик ќе чини 290 долари. Не е исклучена можноста овој паметен часовник да биде пласиран и на останатите пазари ширум светот.

За авторот

Mr. N