Троши

За љубителите на адреналинот- Ducati Diavel 1260 S

Напишано од Mr. M

Компанијата Ducati ни претстави нов моќен ѕвер од својот асортиман. Станува збро за Diavel модел кој што за прв пат бил претставен пред 10 години, а од тогаш па до ден денес, е еден од омилените на оние вистински љубители на мотори.

Ducati Diavel 1260 S е новиот модел од оваа серија кој што се карактеризира со модерен изглед и квалитетни перформанси. Она што го прави овој мотор посебен е тоа што нуди еден ретро изглед со модерни технологии.

Него го движи  Testastretta L-Twin агрегатото кој развива 160 коњски сили што нуди солидна брзина која ќе ги размрда сите ваши сетила. Силен, агресивен и со впечатлив изглед. Уште во првиот момент кога ќе го видите ќе сфатите дека станува збор за моќна машина.

За авторот

Mr. M