Нега и одржување

За повеќето жени ова е прв знак на машкост

Напишано од The Gentleman

Постојат голем број на психолошки, квази психолошко, социолошки, модни и секакви разни теории за тоа зошто брадата  кај мажите едноставно есклодира кога се работи за модни трендови. И со сите овие погоре наброени теории сите доаѓаат до еден ист заклучок, дека брадата претставува имиџ на машкост, дава слика на независност.

Британски телеграф не потсети на една дамнешна студија од 1973 година, на амерканскиот психолог Роберт Пелегрини, каде он наведува дека во секој идеално избричен маж постои брада која плаче да биде пуштена надвор.

Брадата како имиџ, ни дава можност и за експериментирање. Многу истражувања говорат дека мажите во минатите години дури 55% од нив експериментирале со брадата и брковите.

Ние, на крај би додале, дека ова е само уште еден тренд, кој го прави вашиот несесер потешок зза патување. Брадата и тоа како бара нега и одржување, а никој не сака да почне да мириса неубаво, нели?

За авторот

The Gentleman