Автомобили

За само неколку дена, две лоши вести за компанијата Volvo

Напишано од Mr. M

Шведската компанија Volvo треба да повлече повеќе од милион возила бидејќи некои делови од моторите може да се растопат. Оваа информација е споделена од страна на портпаролот на компанијата.

Во најлоша ситуација, овие проблеми на возилата на Volvo може да предизвикаат пожар на моторот, иако досега не е забележан ниту еден таков случај.

Овие проблеми најчесто се појавувале кај моделите кои имаат четири цилиндричен дизел мотор кој бил произведен во периодот од 2014 до 2019 година и станува збор за моделите V40, V60, V70, S80, XC60 и XC90.

Другата лоша вест за компанијата е тоа дека таа има пад во профитот во второт тромесечие од 2019 година и покрај зголемената продажба.

За авторот

Mr. M