Селебрити

За сите фраери, Шарлиз Терон е сингл веќе 5 години

Напишано од The Gentleman

Една од најубавите холивудски актерки на денешницата, Шарлиз Терон, не е во врска веќе пет години.

Русокосата добитничка на Оскар отворено и призна на својата колешка во Дру Баримор во нејзината емисија, зборувајќи за нејзиниот приватен живот во контекст на мајчинството, поточно за тоа како ги менаџира обврските со воспитувањето на нејзината ќерка, 8-годишниот Џексон и петгодишниот Август.

– Пет години сум сингл, што не значи дека нема да бидам повторно во врска во животот. Но, јас сум толку добра во животот што никогаш не ми паѓа на памет да се согласам на нешто помалку – рече 45-годишната Терон, додавајќи дека сè уште нема ништо против да оди на состаноци со потенцијални партнери што и ги предложиле нејзините пријатели.

„Но, искрено, не се чувствувам осамено“, рече актерката, чија последна врска беше со Шон Пен, која траеше три години. Терон се посвети на мајчинството.

– Голема обврска и многу работа е да се биде родител. Но, навечер кога ќе легнам мислам дека не би сакала денот да ми изгледа ни малку поинаку – заклучи актерката.

View this post on Instagram

#BAFTAs 💜

A post shared by Charlize Theron (@charlizeafrica) on

За авторот

The Gentleman