Креатива

„ЗА ТВОЈОТ РОДЕНДЕН“ – книга со трајна вредност

Напишано од The Gentleman

Оваа култна детска сликовница која во раните деведесетти години беше неизоставен дел од изборот на книга за роденденски подарок, сега со нов, освежен изглед ќе ги освои новите генерации.

Напишана со топли, преубави приказни во кои се учи, вреднува и обликува детската мисла и развој, оваа книга е вкусно парче радост за родендените кои ги заслужува секое дете во животот. Но не само детето – во книгата темите се универзални, за возрасните е потсетник колку малите, важни нешта го чинат животот убав. Илустрациите придонесуваат целата атмосфера во книгата да биде волшебна, самовилска, со карактери блиски на децата, но и со специфични ликови кои се поврзуваат со народното творештво од универзалните бајки. Така, освен пеперутките, врапчињата, ежињата, меѓу страниците на „За твојот роденден“ царуваат и вештерките, змејовите, вилениците од приказните и го прават читањето шаренолико задоволство.

Книгата „За твојот роденден“ првпат беше објавена од „Младинска књига“ во 1982 година и стана вистински хит во тогашните југословенски книжевни простори. Новото издание, со нов изглед, беше објавено во 2020 г. од „Лагуна“, Белград.

Издавачки центар ТРИ ја доби честа да ја објави на македонски јазик новата верзија на книгата во колор-страници со разиграни фонтови и преубава корица. Текстот е на Снежана Пејаковиќ-Киќовиќ, а илустрациите во новото издание се на Александар Золотиќ. Книга која не е само обичен подарок, туку е сентимент, потсетување на вредностите, другарството, грижата едни за други, учење броеви, форми, приказни… Богатство меѓу корици кое останува засекогаш, за сите деца и возрасни.

За авторот

The Gentleman