Водич за готвење

За Валентајн изненадете ја ваша сакана со вечера направена по менито на ресторан со Мишелин ѕвезда од Лондон

Напишано од The Gentleman

Се ближи денот на вљубените, денот кога сите правиме нешто посебно за нашите сакани. Иако за вистинскиот џентлмен секој ден е Валентајн, сепак ова е за оние што сакаат да го одбелеат на посебен начин.

И така рестораните се до 21 часот. Така да наш предлог е да си отседнете дома и да си направите сами на себе убавина.

Е сега направете некоја убава вечера. И добра боца вино. Не е само Валентајн, според нашиот календар 14.02 е и Св. Трифун. Така да денот на виното одбележете го со убаво вино. Зависно од вечерата отворете бело или црвено вино.

Сега да се вратиме на вечерата. Направете нешто посебно. Нешто што го прават најелитните ресторани во Лондон. Оние со Мишелин ѕвезди. Можеби е тешко, но пробајте. Макар импровизирајте.

Еден предлог е да направите морска храна. Свежа морска храна, на пример ракчиња, кои се на скара малце пропржени, школки, со салата и тартуфи. Ова ќе помине верувајте.

Пробајте некој бифтек или лосос, а не заборавајте и да направите даска со сирења и пршут.

За авторот

The Gentleman