Настани

Забава полна со насмевка и добра дружба!!! Бидете дел од последната afterwork забава за ова лето во Public Room

Напишано од Mr. N

Овој петок, Friday.mk ги повикува сите мажи на прекрасна забава полна со добра дружба и насмевка во најдоброто co-working место во Скопје, Public Room.

За последна afterwork забава, Public Room ви овозможува да уживате во најдобриот специјалитет на прекрасниот Марк де Јонг, односно неверојатно вкусниот бургер во комбинација со ладен Златен Даб за само 100 денари.

Место во кое покрај забава и добра дружба со вашите пријатели, можете без никаков проблем да работите и да го градите вашиот бизнис или пак кариера.

Доколку за викендов не одите на одмор, бидете дел од овој прекрасен настан, кој ќе се одржи на 26.04, Петок, во 17:00 часот во Public Room.

Не заборавајте момци, петок е ден за бургер и пиво 🙂

 

За авторот

Mr. N