Економија

Запознајте го најбогатиот Кинез

Напишано од The Gentleman

Кина има нов најбогат човек. На местото на Џек Ма, човекот кој ја критикуваше власта во Кина, по што му се изгуби трагот и веќе 2 недели никој не знае каде е, сега има нов милјардер.

Се вика Жонг Шаншан и тежи 91.7 милјарди долари.

Човекот е сопственик на најголемата компанија која произведува вода во Кина, Nongfu Spring, како и на најголемата фармацевтска компанија во Кина и производител на вакцини Beijing Wantai Biological Pharmacy Enterprise.

Овој Кинез се наоѓа на листата на 10-те најбогати во светот, што е за втор пат еден Кинез да биде дел од од топ 10 најбогати.

За разлика од 2019 година кога имал профит од само 3.9 милјарди долари, изминатат 2020 била година на пресврт за него.

 

 

За авторот

The Gentleman