Нега и одржување

Жените сакаат мажи со бради, но какви бради?!

Напишано од The Gentleman

Според истражување спроведено од страна на весникот ” Еволуција и човечко однесување “, жените од најпрефинетиот пол наоѓаат атрактивни мажи со десетдневна брада. Имено, девојките ги оценувале фотографиите на мажите во различни фази. Резултати? Мазни избричени и целосно забрадени мажи го делат второто место, додека петдневната брада беше убедливо на последното место.

Ако сакате да изгледате добро, следете неколку едноставни совети за одличен изглед!

Женисте сакаат уредни бради

Одржувањето на брадата бара од вас сериозност и карактер. Линијата на вашата брада треба да биде некаде помеѓу Адамовото јаболко и брадата, потврдува Алан Петеркин, авторот на книгата ” Илјада бради “. Задржете ја линијата уредна, така што со помош на машинка ќе ја избледите малку на краевите. Секако, не треба да ги заборавите образите, доколку не сакате да изгледате лошо.

Жените сакаат едноставни бради

На секој од вас му се случило да се разбуди сабајлето и да разбере дека ова е лош ден за правење фризура, истото тоа може да го кажете и за вашата брада. Сите неправилности можете да ги израмните со мека крема која дава одлични резултати.

Жените сакаат мажи и без брада

Тоа што не го забележувате, не значи дека не постои. До кожата која се наоѓа под брадата, тешко можете да дојдете, но потребно е секојдневно да ја одржувате и негувате. Ова е многу важно, доколку во иднина сакате да се бричите, мазната кожа ќе ви дојде од голема помош.

За авторот

The Gentleman