Водич за патување

Животни лекции кои ги учиш додека си на патување

Напишано од The Gentleman

Патувањата се работи кои се паметат во животот. Се друго е споредна работа. Да се види светот, да се погледнат различни култури, да се посетат градови, мориња, острови е нешто што засекогаш ќе ви остане во глава. И не само тоа, туку така станувате светски човек. Човек кој ќе стане отврен, културен и ќе развива добри навики.

Сега ќе збориме на тема патување, но сами. Дали сте патувале сами? Дали планирате? Патувањето сами носи некои убави работи, спомени, кои сега ќе ви ги прикажеме.

ВООПШТО НЕ Е ТЕШКО ДА ПАТУВАТЕ САМИ

Знаеме дека паѓа тешко да се спакувате сами и да отпатувате некаде каде никој не познавате. Но тоа не е така страшно. Постојано има луѓе кои патуваат сами и се снаоѓаат.

ЌЕ СТАНЕТЕ ПОДРУШТВЕНИ И СРЕЌНИ ВО КОМУНИКАЦИЈА СО НОВИ ЛУЃЕ

Секогаш има некој друг кој патува сам и сака да има друштво некаде. Лесно ќе се најдете со некој да поразговарате, а дури и да излезете некаде ако сте во ист град.

ЌЕ ЗАПОЗНАЕТЕ ЛУЃЕ КОИ ЌЕ ВИ ОСТАНАТ ПРИЈАТЕЛИ ЗАСЕКОГАШ

Патувањето сами носи уште една придобивка. Раѓа нови пријателства низ светот, кои ќе ви останат засекогаш. Таква е праксата.

ЌЕ ИМАТЕ БРОЈНИ РОМАНТИЧНИ ИСКУСТВА

Ќе уживате во можноста да излезете и да се заљубите. Ќе изградите минато на кое ќе сте горди и ќе уживате. Ќе направите некоја вечера со некоја девојка, ќе излезете… буквално ќе уживате,

НЕМА ГРЕШКИ ВО ПАТУВАЊЕТО САМ

Никогаш нема да имате чувство дека сте погрешиле при патувањето. Е тоа се придобивки. Уживајте и патувајте колку што можете.

 

За авторот

The Gentleman