Успешни приказни

Животни совети од некои од најголемите светски џентлмени

Напишано од The Gentleman

Секогаш, ама секогаш треба да учите од луѓето, без разлика какви се. И од најлошиот човек, доколку сте интелегентни, ќе ја најдете најубавата работа кај него, и ќе ја искористите. Денеска ви ги претставуваме најголемите совети од едни од најголемите луѓе во светот.

David Attenborough
Разбирањето на природниот свет, и она што е во него е извор на не само голема љубопитност туку и исполнување.

David Beckham
Некои мажи си ги средуваат веѓите, и тие изгледаат совршено. Но, за мажите својствено е да имаат густи веѓи, со тоа ја истакнуваат маженственоста. Премногу aftershave исто така не е препорачливо.

Sir Michael Caine
Кога ќе го достигнете врвот, тогаш започнува искачувањето.

Prince William
Моите основни принципи во животот се да бидам искрен, внимателен и грижлив.

Roger Moore
Научив дека во животот мора да се навикнеш на се. Ќе запознаете многу нечесни луѓе и на нив посакајте им само среќа.

Colin Firth
Престанете да се обидувате да бидете секси. Тоа е ужасно.

Roger Federer
Понекогаш мора да прифатиме дека тој ден некој изиграл подобро од тебе.

Morgan Freeman
Најдобар начин да ја гарантирате загубата е да се откажете.

Richard Branson
Не се срамете од вашите грешки, учете од нив и започнете одново.

Jack Nicholson
Онаа минута кога не учите, верувам дека сте мртви.

Ian McKellen
Вие не мора да и бидете сноб на невестата.

Ralph Fiennes
Треба само да нурнете преку работ. Нема време да се плеткате наоколу.

Oscar Wilde
Џентлмен е оној кој никогаш не повредува нечиј чувства ненамерно.

George Bernard Shaw
Џентлмен е оној кој повеќе вложува во светот отколку што зема од него.

James Dean
Сонувајте како да ќе живеете вечно. Живејте како да ќе умрете денес.

Steve McQueen
Живеам за себе и не одговарам на никој.

Muhammad Ali
Оној кој не е доволно храбар да превземе ризици, нема ништо да постигне во животот.

Gianni Agnelli
Чуда може да се постигнат, само со пот.

George Clooney
Единствениот неуспех е да не се обидете.

Robert di Niro

Нема ништо поиронично и поконтрадикторно од самиот живот.

Johnny Depp
Она што треба да го направите е да уживате во возењето, додека се случува.

Barack Obama
Ако одите по вистинскиот пат и го држите чекорот, на крајот ќе го видите напредокот.

Lord Byron
Секогаш смејте се кога можете. Тоа е евтин лек.

Gandhi
Среќа е она што го мислите, што го зборите и што го правите да го правите во хармонија.

Albert Camus
Никогаш нема да бидете среќен ако барате од што се состои среќата. Никогаш нема да живеете ако ја барате смислата на животот.

Warren Buffet
Потребни се 20 години да се изгради репутација, а само 5 минути да се уништи. Кога ќе размислите за ова ќе ги правите работите малку поразлично.

Albert Einstein
Поголемо знаење, помало его. Помало знаење, поголемо его.

Sir Stirling Moss
За да постигнете нешто, мора да бидете подготвени да се соочите со границите на катастрофа.

За авторот

The Gentleman