Метрополи

Животот во Шведска е неверојатно добар

Напишано од The Gentleman

Скандинавските земји секогаш биле пример како треба да биде една држава уредена. Да се следат нивните примери за услови за ѓивот, инвестирање во интерес на граѓаните и останати важни работи како дистанцирање на политиката од животот на луѓето е многу важно.

Ќе кажеме само далеку сме од Шведска. Далеку сме и од другите држави. За жал најдалеку сме од сите.

Еве некои факти за Шведска кои не сте ги знаеле.

1. Шведска е прва земја во Европската унија според бројот на патенти и инвестира многу во дигиталната технологија. Некои од патентите вклучуваат изум на пејсмејкер, овесно млеко и вокер.

2. Швеѓаните се многу ориентирани кон зачувување на животната средина и се одлага само 1 процент ѓубре, а дури 52 проценти се користат за производство на енергија, па така 47 проценти се рециклираат. Уште повеќе, компаниите што произведуваат енергија од отпад увезуваат отпад од околните земји!

3. Хиерархијата не е нагласена во оваа земја – политиката на компаниите е сите вработени да се обраќаат едни на други по име, па дури и студентите не им се обраќаат на професорите по занимање или по име.

4. Приватноста во оваа земја е многу вреднувана – не обидувајте се да започнете разговор со непознати додека чекате автобус на пример или лет.

5. Прашањата поврзани со приватниот живот, претходните работни места и семејствата се сметаат за крајно непристојни.

За авторот

The Gentleman