Кариера

Знаци кои ќе ви откријат дека работите премногу

Напишано од The Gentleman

Работа, работа и само работа. И вие сте од тие луѓе? Супер е да сте амбициозни, но морате да претстанете да го правите тоа. Си предизвикувате одредени работи кои не би ги посакале. Кога стресот е хроничен, имаме проблем со обрнувањето на внимание на други работи…

Овие нешта ви покажуваат дека треба да забавите малку:

1. Промена на расположението

Во еден момент сте добро, а веќе во следната минута не сте и тоа така цел ден. Таквиот вид на преморување може да предизвика емоционална исцрпеност и загуба на чувството за лично исполнување, што доведува до отуѓување и депресија.

2. Не можете да се фокусирате

Кога стресот е хроничен, имаме проблем со обрнувањето на внимание на другите работи и така цело време.

3. Постојано размислувате за работа

Дури и по завршувањето на работното време. Но, на крајот од денот ви е потребно време за себе и драгите лица околу вас, со цел да соберете енергија за понатака.

4. Лесно се разболувате

Ако не се грижите за себе и постојано работите, на крајот сигурно ќе се разболите. Запомнете, на вашето тело му е потребен одмор и закрепнување од сите дневни активности. Ништо нема да можете успешно да одработите, без оглед колку се трудите, доколку не сте одморени.

5. Спиење

Испивте шолја кафе доцна навечер, а успеавте да заспиете без проблеми? Тоа секако е уште еден од знаците дека сте преморени и дека треба малку да забавите.

За авторот

The Gentleman