Интервјуа Спорт

Зошто баскетот е подобар од кошарката според Душан Булут

Напишано од Mr. N

Булут е најдобриот 3×3 баскетболџија во светот, и веќе цел Балкан знае за него. Неговиот тим од Нови Сад неколкупати е најдобар во светот, а тој е предводник и на 3×3 репрезентацијата на Србија.

Според него баскетот е подобар од кошарката поради неколку моменти – 

Има повеќе место за повеќе играчи – кошарката ја играат 10 играчи на два коша, а баскетот 12 на два коша.

Секој може да направи екипа, секое мало, секое школо, не мора сите да се професионални кошаркари. Неговиот тим е пример за тоа, каде има одбојкари, математичари и слично

Шорц и патики има секој, не ви треба кредит за да се запишете на професионална школа и камп во лето

Секој мора да игра, секој ја допира топката. Во кошарка од 5 играчи 2ца секогаш се запоставени…

На крајот, тоа што важи во баскетот важи и во животот. Ако победиш остануваш на терен и чекаш нов пар. Ако не си добар а има 5 тројки кои чекаат, си одиш дома и работиш на себе за следниот ден да бидеш подобар и подолго да останеш на теренот.

Се на место, браво за Булут

 

За авторот

Mr. N