Кариера

Зошто е важен личниот ПР

Напишано од The Gentleman

Денес кога барате работа работодавците пред се гледаат каква личност имате, дали поседувате некоја црта која ве издвојува од другите, дали сте харизматични и слично. Супер се сите тие дипломи и признанија кои ги имате, работно искуство, познавањето на странски јазик, но мора да го имате „она нешто“ со цел некоја реномирана компанија да ве присвои.

Широка и искрена насмевка кога зборувате – нека тоа биде вашиот заштитен знак. Можеби сте проактивни и не чекате некој да ви каже дека нешто треба да направите туку вие сте тие кои преземате акција. Снаодливи сте во ситуациите и брзо реагирате? Која компанија не би ве посакала поради сето тоа.

Начинот на кој се поздравувате со колегите и како разговарате – сето тоа спаѓа во вашиот ПР. На пример, доколку пишувате некој блог и им давате совети на другите, автоматски станувате важни во очите на читателите, а потенцијалните работодавци секако ќе го земат во предвид тој ваш талент. Луѓето денес мораат да сфатат дека треба да поработат на својата личност и дека не смеат да се потопат во масата луѓе која е иста и безлична.

За жал, голем број на луѓе не сакаат да работат на себе, и понатака ги носат намуртените лица и одговараат на прашањата со да или не. Потоа се чудат зошто работодавците не ги примиле на работното место или не им даваат шанса за напредување, а оној кој има помалку дипломи од нив успеал наместо нив. Да бидеме искрени – никој не сака во своја близина да има луѓе кои се инертни, ќутливи, песимистични, оние кои постојано приговараат за нешто и сл.

Денешното деловно опкружување бара луѓе со полн дух, оптимизам и волја за креативни решенија. Тешко е да се менуваат своите навики, но треба да се обидете. Ништо нема да ве чини ако се смеете малку повеќе, можете да кажете некој збор повеќе или да не стоите на страна кога се води некој важен разговор за работата и проектите. Покажете дека сте тука и дека вашата личност не е „за фрлање“. Го можете вие тоа…

За авторот

The Gentleman