Пијалоци

Зошто ладното пиво е добро за вашиот организам?

Напишано од Mr. N

Ако уживате во ладно пиво, особено во летните горештини, имаме добри вести за вас!

Претерувањето со алкохол не се препорачува, но доколку го консумирате пивото одговорно, тоа си има свои придобивки

Поради тоа, ви претставуваме 5 причини зошто ладното пиво во лето е добро за вашето здравје

Ги зајакнува коските

Секако дека млекото е основа на силни коски, но и пивото може да ни помогне. Силициумот во пивото помага во одржување на јаки коски, како и ткивото што ги поврзува.

Спречува дијабетес

Луѓето кои пијат до шест пива неделно ги намалуваат шансите за развој на дијабетес.  Сепак, внимавајте колку калории има видот што го пиете.

Добро е за срцето

Овде повторно станува збор за одговорно консумирање. Луѓето што пијат најмногу една чаша пиво на ден го подобруваат работењето на срцето.

Спречува создавање на камен во бубрег

Лицата кои умерено пијат пиво имаат цел 41% процент помали шанси да заболат од камен во бубрег.

Полно е со витамини

На кој му се потребни овошни шејкови, кога има кригла пиво?

За авторот

Mr. N