Економија

Зошто македонците сакаат повеќе да плаќат во кеш, отколку преку интернет?

Напишано од Пјер

Македонските граѓани преферираат да плаќаат во кеш многу повеќе отколку преку модерните технологии кои се во замав кај банките, односно преку интернет, а дури и преку картичка.

Статистиката на НБРМ покажува дека електронските плаќања не се многу прифатливи, а најмногу ги користат правните лица.

Над 66 илјади електронски трансакции направени преку мобилен се направени во септември 2018, додека од безмалку 5 милиони трансакции  2.896.599 се реализирани во хартиена форма, а 2.069.280 по електронски пат.

Имајќи го овој факт, и ние како сопственици на првиот онлајн шоп за мажи можеме да заклучиме дека повеќето луѓе имаат страв кога се работи за онлајн плаќање, и повеќето бараат да платат во кеш.

Заедно мораме да работиме на зголемување на свеста имајќе предвид колку брзо се развива оваа технологија во развиените земји.

За авторот

Пјер