Љубов

Зошто мажите сакаат постари жени?

Напишано од The Gentleman

Ако во минатото апсолутен тренд било да имате помлада девојка, денеска мажите бираат се постари девојки. Еве неколку причини кои ќе ви покажат зошто мажите сакаат постари жени до нив.

Не сакаат да драматизираат

Младите жени повеќе сакаат да драматизираат, можеби поради тоа што тие имаат помалце искуство. Со текот на годините секоја жена станува посмирена и знаат да ги поделат важните работи од неважните.

Тие се независни

Една од најдобрите работи кај жените е независноста. Тие се навикнати да се грижат за себе и не зависат од никој.

Тие имаат позрели пријателства

Младите девојки се многу поврзани со другарките и за секоја работа тие разговараат со нив. Жените во години, повеќе си веруваат на самите себе, сигурни се и со самодоверба.

Го ценат заедничкото време

Жените во години имаат можеби повеќе обврски и знаат како да го ценат времето поминато со мажот. Тие ќе се потрудат секое слободно време да го искористат со вас.

Имаат повеќе пари

Како стареат жените, парите стануваат се помалку важни. Тие имаат доволно пари за да можат да си дозволат тоа што го сакаат.

Имаат поголемо искуство

Тие знаат да се носат со проблемите. Имаат поголем број на врски позади себе и го ценат културното однесување.

Имаат поголемо сексуално искуство

Тие со годините се се подобри во кревет. Немаат несигурност и страв.

Тие знаат што сакаат

Жените во години точно и јасно знаат што сакаат.

За авторот

The Gentleman