Технологија

Зошто никој не ја сака криптовалутата на Facebook?

Напишано од Mr. N

Криптовалутата на Фејсбук, наречена Либра би можела да пропадне пред истата да биде лансирана, откако четири глобални финансиски фирми започнаа да размислуваат за повлекување од проектот, објави Wall Street Journal.

Иако првичните планови требаше да бидат меѓу понудувачите на либра, Visa, Mastercard, PayPal и Stripe, тие наводно, изразиле воздржаност против плановите на Facebook, поради загриженост дека учеството би можело да ги наруши нивните позитивни односи со финансиските регулатори во одредени држави, кои веќе изразија неодобрување.

Здружението Либра деновиве ги повика сите 28 потенцијални основачи да го потврдат нивниот интерес. Сите учесници имаат потпишано само необврзувачки писма за намери, а никој сè уште не ја платил договорената почетна инвестиција од 10 милиони американски долари.

Од најавата за започнување на Либра во јуни оваа година, неколку влади и финансиски регулатори изразија сериозна загриженост за проектот.

За авторот

Mr. N