Омилени места

Зошто пекарата Breadway стана омилено место за појадок?

Напишано од Mr. M

Дали знаете дека кроасанот прв пат се појавил уште од 1770 година и потекнува од францускиот крај. Историчарите на гастрономијата и на француската кујна констатираат дека сегашниот рецепт за кроасан станал француски кулинарски симбол дури во 20 век.

Но каде кај нас можете да најдете вистински кросан француски рецепт?

Богатството и вкусот се крие во пекарата Breadway каде што уште кога ќе влезете ќе помислите дека сте во некоја традицинална француска пекара.

Сите произвди кои што може да се најдат во Breadway  се карактеризираат со висок квалитет и свежи состојки искомбинирани на еден уникатен начин. Од различни видови на крофни, мини пици, сендвичи… изборот е огромен.

Една од главните причини поради која што многу луѓе се одлучуваат да јадат за време на утринската пауза во Breadway е токму кроасанот со путер, ама не било каков, туку совистински путер. Путер кроасан подготвен по француски рецепт.

Се гледаме на доручек во Breadway!

За авторот

Mr. M