Бизнис совети

Зошто станувањето порано е клучот за успех, одговор имаат успешните бизнисмени

Напишано од The Gentleman

За оние кои имаат навиено по десет аларми за да станат и да не задоцнат за на работа, можеби е незамисливо да стануваат во 5 часот наутро, иако тоа можеби е клучот за поуспешен живот, докажано од страна на познатите светски лидери.

Ричард Брансон

Во едно негово интервју од 2014 година, еден од најомилените британски бизнисмени Ричард Брансон има ијзавено: “Во моите 50 години во бизнисот научив дека ако станувам порано ќе можам да постигнам многу повеќе во еден ден, и секако во животот.” 

Тим Кук

Извршниот директор на Apple е познат по неговата работна етика, да биде прв што ќе дојде и последен што ќе ја напушти канцеларијата. Тој се буди секое утро во 4.30 часот наутро за да си ги среди мејловите и да направи кратко вежбање.

Џек Дорси

Ко-основачот и основачот на Twitter и Square, работи речиси по 18 часа на ден. Тоа не му дава премногу слободно време за некои други работи. Треба да знаеме дека Jack Dorsey секој ден станува во 5 часот наутро, медитира во првите 30 минути, 7 минути одвојува на вежбање, си го прави своето прво кафе и излегува за на работа. Станувањето порано за да вежба му овозможува да го започне денот со свежи мисли и здраво тело.

 

За авторот

The Gentleman