Нега и одржување

Зошто жените не ја сакаат подолгата брада кај мажите?

Напишано од Mr. M

Брадата последните неколку години е во тренд во машкиот свет. Брадата е синоним за зрелост, снага и мажевност. Според истражувањата брадата ги привлекува жените бидејќи потсвесно им говори дека тие мажи се спремни и подобри од другите.

Сепак, постојат и оние кои не ги сакаат брадите кај машкиот пол. Жените најмногу сакаат мажи со кратка и средна должина на брадата, но не и оние со долга.

Зошто? Долгите бради често знаат да имаат непријатен мирис. Поради тоа што таа се наоѓа околу устата, на брадата често се случува да се залепат состојки од храната и пјалокот.

Затоа доколку имате голема брада, трудете се да ја перете после секој оброк со цел да ви биде почиста и да нема непријатен мирис.

За авторот

Mr. M